Осум европски земји ќе обучуваат украински пилоти

Ихор Зовка, заменик-шеф на Кабинетот на украинскиот претседател, извести дека осум европски земји се приклучиле на коалицијата која ќе помогне во обуката на украинските пилоти. Коалицијата ги вклучува Обединетото Кралство, Холандија, Полска, Данска, Шведска, Белгија, Португалија и Франција.
Зовка посочи дека „параметрите на европскиот дел од коалицијата“ се утврдени откако украинскиот претседател Володимир Зеленски отпатува во Кишињев на самитот на Европската политичка заедница, пишува Медуза.
Постигнатите договори овозможуваат да се донесат конкретни одлуки за обемот и механизмите на обука на пилоти, персонал за одржување, како и создавање услови и соодветна инфраструктура за борбени авиони.
Потенцијалните одлуки за испорака би можеле да се донесат на следниот самит на Контакт групата за одбрана на Украина. Зовка истакна дека Украина успеала да преземе конкретни чекори за да го забрза процесот на обука на пилоти и техничари за управување со борбени авиони од четвртата генерација, „вклучувајќи го, но не ограничувајќи се на Ф-16“.