Осум дена притвор за Цуфи Кока и за уште две момчиња уапсени на протестите од 5 и 6 јули

Фото: EPA/EFE / Ѓорѓи Личовски

Осум дена во притвор ќе останат три лица поврзани со протестите од 5 јули пред Собраниeто и од 6 јули кај плоштадот „Скендербег” откако судија на  претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ја определи оваа мерка.

-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор против три лица, поврзани со настаните од 5 јули пред Собранитето на РСМ и од 6 јули кај плоштадот Скендербег, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по прозинесување на осомничените во присуство на бранител, донесе решенија со кои го прифати предлогот на обвинителот и на трите лица им определи мерка притвор во траење од осум дена, согласно предлогот за водење истрага во скратена постапка, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Еден од нив е Цуфи Кока, кој во средата на плоштадот Скендербег упери пиштол кон демонстрантите и стрелаше во воздух, додека луѓе од чаршијата и протестантите се гаѓаа со камења, шишиња и други предмети. Тој е брат на Зуди Енузи Кока кој од градоначалничката Арсовска беше назначен за директор на „Комунална хигиена“ и вечерта по овој инцидент експресно беше разрешен од неа. Поради случајот Алијанса за Албанците чии активисти се браќата ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ.

Притвор доби и 18-годишното момче кое на 5-ти јули во текот на протестите пред Собранието карши објектот подготвуваше молотов коктел и го запали по што го предаде на друго лице за да го фрли кон кордонот полицајци кои го обезбедуваа законодавниот дом и се обидуваат да воспостават ред во хаосот кој настана таа вечер.

Третиот притворен е 22-годишен скопјанец, кој следниот ден пред Собранието исто така дошол подготвен – имал ранец полн со камења и запалки кои ги фрлал кон зградата на Собранието и поставените полицајци, при што еден од нив е повреден.

Судот смета дека се исполенти условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно дека постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд.

Уапсен е пиштолџијата од плоштадот „Скендербег“, за кого Мицкоски тврди дека сакал да го убие

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот