Осудените за тероризам за случајот „Диво Насеље“ денеска повторно во судница – Слободен печат
Хроника

Осудените за тероризам за случајот „Диво Насеље“ денеска повторно во судница

Поради обемноста на предметот, термин за седницата за разгледување на жалбите, Апелација има закажано и за утре.

Првостепено осудените 33 лица за тероризам во врска со крвавата престрелка во кумановското Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 година, денеска повторно треба да влезат во судница.

Сега тоа ќе се случи на на седница на второстепениот суд, Апелација, каде тие ги обжалија пресудите на Основниот суд Скопје 1.

Поради обемноста на предметот, термин за седницата за разгледување на жалбите, Апелација има закажано и за утре.

Во крвавите настани во Куманово, во престрелка помеѓу оваа група и припадници на македонските безбедносни сили беа убиени осум припадници на МВР, а повеќе од 30 беа ранети. Беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close