Осуденик од Идризово телефонски измамил и оштетил тетовски бизнисмен

Ова е втор ваков случај кога осуденик од затворот Идризово оштетил бизнисмен, контактирајќи со него со мобилен од затворот, кој не смее да го поседува додека е на издржување на затворската казна.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и С.Р.(45) од село Арачиново, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

На 16 декември минатата година првопријавениот, кој бил на издржување казна затвор во КПУ „Идризово“, од затворот остварил телефонски контакт со Б.Б. од Тетово, сопственик и вработен во фирма, преставувајќи му се лажно како Г.К. вработен како генерален директор во градежна фирма од Богданци и му нарачал стока од неговата фирма за која ќе плати откако ќе му биде испорачана.

На ова оштетениот се согласил и му испорачал стока во вредност од 2.000 евра која ја подигнал второпријавениот.

Прочитајте и...  Апсење во Чаир, падна дилер на кокаин и хероин

После тоа, оштетениот се обидел да оствари телефонски контакт со првопријавениот за плаќањето на стоката, но не можел да го добие, по што сфатил дека е измамен.

Ова е втор ваков случај кога осуденик од затворот Идризово оштетил бизнисмен, контактирајќи со него со мобилен од затворот, кој не смее да го поседува додека е на издржување на затворската казна.

Минатата недела Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А. (33) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело “измама“ предвидено и казниво по чл.247 од КЗ на РСМ.

Пријавениот кој што е осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, искористувајќи го невниманието на вработените лица од службата за обезбедување и нивниот пропуштен должен надзор над неговото сомнително однесување како осудено лице, во просториите на КПУ Идризово на непознат начин успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картица, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.

Прочитајте и...  Три лица барани со потерница спроведени во затвор

На 23 мај минатата година со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти и лажно претставувајќи со различно име како лице што наводно е овластено и одговорно во невладина организација и дека во име на невладината организација врши нарачка и набавка на трговска стока го довел и одржувал во заблуда одговорниот работник за продажба во правно лице од Прилеп.

Притоа успеал да издејствува да му биде испорачана нарачаната трговска стока која не ја платил, на кој начин му причинил материјална штета на правното лице во износ од 65.402 денари за кој износ се стекнал со противправна имотна корист.

Инаку против Б.А. во текот на 2017, 2018 и 2019 година од страна на СВР Скопје до Основно јавно обвинителство во Скопје поднесени се повеќе кривични пријави за постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“ со ист начин на извршување, со кои инкриминирани дејствија им причинил материјална штета на повеќе правни лица за различни парични износи.

Прочитајте и...  Осум дилери од Кавадарци се приведени, пронајдени се кокаин, хашиш и марихуана

Поврзани вести

Осум дилери од Кавадарци се приведени, пронајдени се кокаин, хашиш и марихуана

Слободен печат

Автобус удри во жена близу трговски центар во Велес

Слободен печат

Шпански државјанин фатен со хероин

Слободен печат

Среде бел ден ограбена 80 годишна старица во нејзиниот дом

Слободен печат

Скопјанец обвинет за тешки кражби

Слободен печат

Тетовец крадел низ локални продавници, расчистени петнаесетина кражби

Слободен печат

Остави Коментар