Осуденик чекал погубување, па му го одложиле: Не успеале да набават инјекција

Затвор / Фото: МИА

Врховниот суд на американската сојузна држава Јужна Каролина во понеделник донесе одлука да се одложи извршувањето на смртна казна преку инјекција на осуденикот Ричард Бернард Мур (55) бидејќи властите на затворот не успеале да ја набават на време смртоносната супстанца.

Откако повеќе пати била одбиена молбата за помилување, Ричард Б. Мур требал да биде погубен уште минатиот петок со смртоносна инјекција.

Тој бил осуден на смрт пред повеќе од две декади за убиство на вработен во продавница при грабеж на истата, и од тогаш чека на извршување на смртната пресуда, пренесува АП.

Извор: Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот