Осудени за „27 април“ бараат ослободување

Петмина од осудените за „крвавиот четврток“ денеска од Апелациониот суд побараа да бидат пуштени од притвор до правосилност на пресудите.

Со жалба до Апелација и излез од истражниот затвор „Скопје“ побараа екс директорот на БЈБ, Митко Чавков осуден на 18 години затвор, Горан Ѓошевски, Душко Лазаров и Никола Митревски – Кољо осудени на по 15 години затвор како и Абдулфета Алими осуден на седум години затвор за крвавиот упад во Собранието.

Гаранцијата на Митко Чавков кој навел дека нема да избега од земјава е 600.000 евра, додека за Алими со имот гарантира Зијадин Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот