Осуден за шпионажа на руски нуклеарни подморници, а сега е пуштен на слобода: Русија му прости на норвешки шпион

Фото: EPA

Норвешка ја поздрави изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој изјавил дека Норвежанецот, Фроде Берг, кој во април пред судот во Москва е прогласен за виновен за шпионажа, „може да се врати дома во секој момент“.

Лавров ова го изјавил за новинарите кога стигнал во Норвешка на 75-годишнината од ослободувањето на Црвената армија од германската контрола.

Фроде Берг е норвешки граничен инспектор кој е уапсен во Москва во декември 2017 година и е обвинет дека за норвешка разузнавачка агенција собирал информации за руските нуклеарни подморници.

Тој во Москва е осуден на 14 години затвор, а на судењето се изјаснил дека не е виновен за обвинението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот