Осуда на насилството во Будва: Уапсени 41 лице, повредени 9 полицајци, затворена општината

Стар град, Будва / Фото: Unsplash

Нема информации дали некој од граѓаните е повреден.

Европската унија, САД и Велика Британија по повод инцидентите и нередите во Будва ги повикаа политичките актери на Црна Гора на воздржаност и почитување на владеењето на правото, и побараа почитување на законите и политичка зрелост и побараа самостојно да најдат одржливо решени низ духот на взаемно почитување.

Инциденти поради преземање на локалната власт во Будва имаше и денес.

Припадниците на Посебните единици на полицијата денеска ја блокираат зградата на Службата за заштита и спасување во Будва и приведени се седум пожарникари.

Зградата на Општина Будва денеска е затворена за сите освен за специјалните истражители кои одземаат документација после вчерашните нереди.

Поради вчерашните нереди во неколку црногорски градови каде граѓаните протестираа поради судирите во Будва, полицијата кривично и прекршочно процесуираше 54 лица, а уапси 41.

Во инцидените се повредени 9 полицајци, оштетени се 10 возила на полицијата, а штети има и на зградите на Општината и Центарот за безбедност на Будва, соопшти полицијата.

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро Хернандес истакна дека сите евентуални повреди на законот треба да ги решаваат надлежните локални власти, согласно националното законодавство и релевантните меѓународни стандарди.

– Како што е претходно соопштено, ЕУ ги повикува сите политички актери да покажат почитување кон владеењето на правото и демократските принципи, и да покажат политичка зрелост со цел сами да најдат одржливо решение за актуелната ситуација, преку дијалог и во духот на меѓусебно почитување, порача Хернандес.

Амбасадорката на Велика Британија во Црна Гора, Алисон Кемп изрази загриженост и на Твитер напипа дека е „многу важно протестите да се одвиваат мирно и во склад со законот, а дека рекацијата на властите е пропорционална“.

Американската амбасадорка Џуди Рајзинг Рајнке, повика да се избегнува насилство и на конструктивен дијалог во Црна Гора.

„По вчерашните судири повторно ги повикувам сите страни да се вклучат во конструктивен дијалог, по секоја цена да се избегне насилството и да се работи заедно за наредните избори во Црна Гора да бидат успешни“, наведе на Твитер амбасадорката на САД.

„Слободни, чесни и компетитивни избори се темел на демократијата“, додаде таа.

Владата на Црна Гора го осуди насилството, оценувајќи дека нападот на полицијата е напад врз државата.

„Синоќа, но и денови пред тоа, сведочиме за директни и безобѕирни примери на противправно и насилно однесување на поединци и групи во повеќе црногорски градови“, соопшти владата.

Во текот на синоќешните протести во неколку градови граѓаните со разни предмети ги гаѓаа полицајците кои одговорија со солзавец, известија медиумите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот