Остров во Албанија кој ќе ве остави без здив (ФОТО + ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Островот Лежа веќе стана познато место каде секој ден пристигнуваат се повеќе странски туристи, но и локални посетители. Островот ова име го добило поради лагунскиот систем што се приближува блиску до градот.

Топ чанел пренесува дека оваа област во последните неколку години привлекува сè повеќе и повеќе внимание, бидејќи во тоа место има што да се истражува во смисла на недопрената природа, традиционалните јадења и прекрасните ресторанти од таа зона.

– Оние кои доаѓаат за прв пат и со кои јас комуницирам се изненадени и зачудени. Велат дека не ја знаат ваква Албанија. Радосна сум што се чувствуваат толку пријатно – вели еден бизнисмен.

Единствениот проблем кој ги вознемирува бизнисмените но и посетителите од оваа област, впрочем е патот што никогаш не бил среден.

Инаку овој остров се наоѓа блиску до познатото албанско летувалиште Шенѓин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот