Остри пораки на Ердоган до САД: Турција не е племенска држава

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека САД не треба да го одложуваат воведувањето на санкции кон Анкара поради неодамнешната проба на рускиот противвоздушен систем С-400.

– Какви и да се санкциите, немојте да ги пролонгирате, туку применете ги. Вие ни кажувате да го вратиме С-400. Ние не сме племенса држава, ние сме Турција, истакна Ердоган.

САД во петокот повторно предупредија дека односите со Турција ќе бидат загрозени поради турското тестирање на системот С-400.

Стејт департментот соопшти дека тестирањето е „некомпатибилно со одговорноста на Турција како сојузничка на НАТО и стратешки партнет на САД”. Вашингтон се закани дека ќе воведе санкции кон Турција доколку биде активиран С-400.

Анкара договорот за купување на С-400 од Русија го потпиша во 2017 година, а првата батерија е испорачана во јули во минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот