ФОТО | Остри критики за накитот на „Луј Витон“: Го носи знакот на руската агресија?

Фото: Инстаграм

Модниот гигант „Луј Витон“ ја претстави колекцијата накит предизвикувајќи гнев кај обожавателите кои тврдат дека симболот потсетува на оној за руската агресија врз Украина, односно фамозната буква „Z“.

Француската модна куќа преку својот Инстаграм претстави колекција унисекс накит „ЛВ Волт“ (LV Volt), на чија промоција работеа познати личности како раперот Кид Куди, актерките Џин Чен и Алиша Викандер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louis Vuitton (@louisvuitton)


Иако одлучија да му оддадат почит на својот основач, со испреплетување на буквите L и V, тие постигнаа контра ефект, бидејќи добија нешто, како што на прв поглед изгледа, провоен симбол, а многу бесни обожаватели се јавија во коментарите.

Илјадници следбеници се огласија, тврдејќи дека дизајнот потсетува на буквата „Z“, која од почетокот на војната во Украина, се користи како симбол на руската агресија.

Фото: Инстаграм

„Модата не може да произлегува од војна! Буквата Z е симбол на руската агресија на Украина“, коментарот е на самиот врв на објавата.

Подолу, многу луѓе ја прашаа оваа компанија дали воопшто знаат што претставува оваа буква и порачаа дека дизајнот е „срамен“.

„Веќе гледам дека ова ќе биде еден од најлошите маркетиншки промашувања ширум светот“, порача еден корисник.

Многумина негодуваа и за нивниот молк воочи на актуелната војна.

„Навистина немам ништо против Луј Витон и свесна сум дека ова е комбинација од буквите L и V, но тие сочинуваат Z. Луѓе, дали воопшто гледате вести?“, напишала уште една корисничка.

Фото: Инстаграм

Острите реакции беа поткрепени и со тоа што компанијата од Цирих го отстрани своето лого на кое беше напишана буквата „Z“, за да ја избегне лојалноста кон режимот на Путин.

„Привремено ја отстрануваме употребата на буквата „Z“ од социјалните канали каде што може погрешно да се толкува. Внимателно ја следиме ситуацијата и ќе преземеме дополнителни активности доколку и кога е потребно“, соопштија од компанијата.

Инаку, буквата „Z“ се користеше за означување на руските тенкови во конфликтот во Украина, а набргу потоа почна да се појавува и на зградите, патиштата, како и на облеката, знамињата и на другите работи со кои Русите сакаа да изразат поддршка за војната.

Почина Вирџил Абло, уметничкиот директор на „Louis Vuitton“ и основачот на „Off-White“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот