Остра реакција на Владимир Блажевски – Панчо за работата на локалите

Instagram
Фото: Инстаграм

Македонскиот музичар, Владимир Блажевски, познат како Панчо или диџеј Шорти, од дуото ДНК, излезе со остра реакција на  својот фејсбук-профил, поради работата на локалите во време на пандемија, а откако се олабавија ковид-мерките.

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост:

„Вака сега да ви кажам нешто, а кој како сака нека го сфати од газдите на дискотеки, клубови и локали. Ние артистите бевме долго време затворени, а исто и вие и со причина, нормално. Сега кога не пуштија да работиме после 10 месеци, кога ни/ви дадоа некој понормални протоколи со оглед на состојбата во која се наоѓа цел свет, дел од газдите на клубовите и локалите се однесувате без грам почит кон донесените мерки но пред се и кон оние кои најодговорно се продржуваат и ги спроведуваат протоколите, а со тоа ги загрозувате вашите колеги но и сите нас артисти кои живееме и егзистираме од ова. После пак ќе ни/ви бидат криви Венко и компанија. Не бе другари сами сме/сте криви и немојте после да кукате ко ќе не/ве затворат за 2-3 недели од сега. Јавен апел од мене до Венко Филипче и комисија за заразни да реагираат многу поригорозно кај сите оние кои ги прекршуваат дадените протоколи бидејќи поразот ќе биде заеднички. И на крај не сме сите криви ниту ќе бидеме, санкционирајте ги оние кои идат против закон кој треба да е ЕДНАКОВ за СИТЕ без оглед на се!!!“, напиша Блашевски на Фејсбук, за што доби поддршка од многу свои колеги, но и обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот