Остин: Нема да има избрзано повлекување на американските војници од Авганистан

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS / POOL

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска изјави дека напредокот кон мирот во Авганистан и завршувањето на американското воено присуство во оваа земја ќе зависат од намалувањето на нападите на талибанците.

-Насилството мора веднаш да се намали, рече Остин на својата прва прес-конференција како прв човек на Пентагон.

Овој пензиониран американски воен генерал со четири ѕвезди, кој три години командуваше со американските сили во Авганистан и на Блискиот исток, во времето на администрацијата на Барак Обама, денеска кажа дека администрацијата на Бајден „методски” ги проценува своите следни чекори во Авганистан, каде американските трупи се присутни речиси 20 години.

САД во моментов во Авганистан имаат распоредено околу 2.500 војници, а Остин кажа дека оттаму нема да има „избрзано” повлекување.

Според договорот со талибанците што администрацијата на Трамп го постигна пред една година, САД се обврзаа етапно да ја повлекуваат армијата од Авганистан, за до 1 мај годинава целосно да ги повлечат сите свои трупи.

Талибанците ветија дека ќе почнат мировни разговори со авганистанската Влада, дека ќе се борат против терористичките групи, пред се, со ќелиите на Исламската држава во земјата. Меѓутоа, Остин отворено порача дека талибанците не ги исполнуваат своите обврски од договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот