Остин: Конфликтот во Украина не е неизбежен

Лојд Остин
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин / Фото: Архива

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека конфлриктот воп Украина сепак може да се избегне и покрај тоа што рускиот претседател Владимир Путин собра повеќе од 100.000 војници долж нивната заедничка граница.

-Конфликтот не е неизбежен. Се уште има време и простор за дипломатија, изјави секретарот Остин за новинарите во Пентагон.

„Господин Путин исто така може да ја направи вистинската работа”, додаде тој.

-Нема причина оваа ситуација да ескалира во конфликт. Тој може да избере да ја деескалира. Тој може да им нареди на своите војници да се повлечат, рече американскиот секретар за одбрана.

Видео на денот