Остин: Дваесет земји ветија дека ќе обезбедат оружје за Украина

Лојд Остин
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин / Фото: Архива

Дваесет земји ветија дека ќе и достават оружје на Украина за да и помогнат да се спротивстави на руските сили, изјави американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на прес-конференција во Пентагон.

-Денешната средба помина многу добро, изјави тој.

– Многу земји ќе обезбедат артилериска муниција, системи за крајбрежна стража, тенкови и други оклопни возила што се потребни на армијата на Киев, додаде тој по состанокот на контакт групата за Украина.

Остин изрази посебна благодарност до Данска, која ќе обезбеди ракети Харпун за заштита на брегот на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот