Остеопороза: Обрнете внимание навреме

Фото: Unsplash

Остеопорозата е состојба во која човекот губи премногу коскена маса или пак, не создава доволно за да ја обнови коскената маса која нормално ја губи со текот на времето.

Доколку се изгуби премногу коскена маса, коските ја губат својата густина и стануваат склони на скршеници. Луѓе со остеопороза имаат поретка коскена маса.

Доколку имате остеопороза и секојдневниот живот може да стане опасен. Луѓето со остеопороза може да скршат коска од кивање или пак од удар во некој потврд предмет. Има повеќе ризик фактори кон создавање на оваа болест. Некои не можеме да ги контролираме, некои пак можеме.

Најголема ризик група се жените во нивните поддминати години кои развиваат голем процент на веројатност за развивање на оваа состојба. Недостатокот од калциум исто така создава дополнителен ризик.

Она на кое што малку се обрнуваше внимание во изминатите години е дека витаминот Д3 има голема улога во синтетизирање на калциумот, па така, зголемиот внес на калциум не би имал никакво влијание, доколку во комбинација со тоа не внесуваме и соодветна количина на витаминот Д3 кој дејствува како катализатор на калциумот.

Внесот на витаминот Д3 во текот на целиот живот е пресуден кон создавање на здрава коскена маса а со тоа и намалување на ризикот на остеопороза. Доколку спаѓате во ризик групата за развивање на остеопороза, витаминот Д3 придонесува за намален губиток на коскената маса.

Од друга страна, доколку веќе имате остеопороза, витаминот Д3 може да ја зголеми густината на коските, да ги намали симтомите на оваа состојба, па и да ја излечи вашата остеопороза доколку се конзумира во текот на подолг временски период.

Исто така, постои и состојба која е наречена остеопениа, каде густината на коскеното ткиво е помала од нормалната, но сепак не е доволна за да се прогласи состојба на остеопороза. Непотребно е да се каже дека и оваа состојба, витаминот Д3 е од клучно значење за превенирање на оваа состојба да прерасне во остеопороза.

Ризикот од добивање на остеопороза кај жените се зголемува после 50 година. Затоа препораката за оваа група на луѓе е дека мора да се превземат мерки на заштита уште пред да се случи губење на коскената маса, како и ако веќе се случува мерки за да се редиректира калциумот во коските.

Остеопорозата зафаќа 1 во 2 жени над 50 години, а соодностот кај посилниот пол е 1 во 4. Иако жените се предоминатна ризична група, и мажите не се исклучени бидејќи како се зголемува возраста така можноста да се синтетизира витаминот Д3 се намалува.

А без витаминот Д3 човековото тело нема соодветен катализатор за да го преработи калциумот.

Она што е алармантно е дека остеопорозата ретко има предупредувачки симптоми. Човекот открива дека боледува од оваа болест по кршење на коска од неговото тело која е предизвикана од слаб удар. Некои коски, како коските на ‘рбетот може да се скршат без да се осети поголема болка. Затоа кај луѓето кои ја имаат оваа состојба може да забележиме дека имаат искривен ‘рбетен столб или пак стануваат пониски.

За среќа денешната медицина се повеќе се фокусира кон превенцијата на одредени болести, па истражувањата се фокусираат кон превенирање и кон истражување на начините на кои може одредена болест да се спречи.

Научниците се повеќе укажуваат дека суплементирањето со витаминот Д3 доведува до намален ризик за остеопороза во било која доба на човековиот живот.

Видео на денот