„Остен“ го најавува Биеналето на цртеж со изложба на Ненси Тонг

Ненси Тонг пред свое дело / Фотографија: Остен

Во галеријата „Остен“ на 7 февруари, во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на слики од уметницата Ненси Тонг со наслов „Едноставност / Сложеност“, во дијалог со дело на Марина Абрамовиќ од колекцијата на „Остен“ Музејот. Во истата галерија на 10 февруари, со почеток во 12 часот, ќе се одржи и разговор со уметницата.

Ненси Тонг, која доаѓа од Хонг Конг, Кина, е добитничка на Наградата „Остен“ на „Остен“ Биеналето на цртеж Скопје 2022, С Македонија, и е првиот кинески уметник избран за финалист и добитник на награда на „Остен“ Биеналето на цртеж.

– За публиката, моите слики можат истовремено да изгледаат статични и спонтано динамични. Чувството на меѓусебност, коегзистенција на состојба на сликовно рамниште, е соодветна претстава и на двојноста на моето културно воспитување и на заматените односи кои секој од нас ги проектира кон светот. Мојата изложба ги истражува физичките и психолошките граници во дијалог со една од моите најомилени уметници, Марина Абрамовиќ, преку моите дела што ја поврзува мојата емотивна личност со нејзината инспиративна креативност – истакнува Ненси Тонг за својата изложба во галеријата „Остен“.

Изложбата претставува своевидна најава за програмските активности кои „Остен“ ќе ги организира на 22 и 23 февруари во Националната галерија, во објектот Чифте амам – отворање на официјалната изложба на „Остен“ Биеналето на цртеж Скопје 2022, каде ќе бидат изложени дела на околу 200 меѓународни уметници од 40 земји во светот, известија од „Остен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот