Оставки во Нобеловиот комитет: Шведска писателка даде отказ поради наградата за Хандке

Фото: Принтскрин/Nobel Prize

Два надворешни членови на Нобеловиот комитет денес поднесоа оставка, откако изнесоа критики на сметка на Шведската академија.

Писателот Кристофер Леандор наведе дека дава оставка од членството во Комитетот бидејќи, како што образложи, нема ниту време ниту трпение да чека ова тело да се реформира.

Тој, меѓутоа, напомена дека неговата одлука не е поврзана со одлуката на Комитетот да додели Нобелова награда за 2019 година на австрискиот писател Петер Хандке.

Шведската книжевничка и критичарка Гун-Брит Сундстром од друга страна, наведе дека главна причина за нејзинат оставка од Комитетот е токму доделувањето Нобелова нагада на писателот Хандке.

Таа во соопштението за оставката наведе дека од обазложението на одлуката за доделување на наградата на Хандке може да се заклучи дека книжевноста е над политката, истакнувајќи дека таа не го дели ова мислење.

Хандке е критикуван поради прикажувањето на Србија како жртва за време на војните во поранешна Југославија и поради тоа што присуствуваше на погребот на поранешниот југословенски претседател Слободен Милошевиќ, наведува „Ројтерс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот