Оставки на словенечкиот министер за внатрешни работи и директорот на полицијата

Фото: МИА

Сега веќе поранешниот министер на социјалните мрежи ја објави оставката во која пишува дека претресот во домот на Почивалшек е незаконски и дека полицијата во некои сегменти е контролирана од, како што ја нарече „удбашко-партиска структура”.

Словенечката полиција остана без раководство откако оставки поднесоа министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Причина за оставката на Хојс е претресот што полицијата го прави во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, за кого има сомнежи дека правел незаконски дејства при набавката на респиратори и заштитна опрема за потребите на словенечките болници.

Оставката која е неотповиклива Хојс веќе му ја испратил на премиерот Јанез Јанша за кого ова е прво повлекување на министер во неговата Влада.

Сега веќе поранешниот министер на социјалните мрежи ја објави оставката во која пишува дека претресот во домот на Почивалшек е незаконски и дека полицијата во некои сегменти е контролирана од, како што ја нарече „удбашко-партиска структура”.

Пред да биде избран за министер за внатрешни работи, во минатото Хојс беше и прв човек на телевизијата Нова24 ТВ, за која опозицијата обвинува дека е финансирани директно со „унгарски пари” и дека е „партиска телевизија на премиерот Јанез Јанша”.

Инаку, полицијата денес прави претреси во 11 објекти меѓу кои и домот на министерот за економија во обид да се најдат докази за корупција при реализацијата на осум милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот