Оставка поднесе шефот на американското разузнавање

Шефот на американското разузнавање Даниел Коутс поднесе оставка. Според Си-Ен-Ен, Коутс заминува од функцијата на 15 август.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потврди информацијата за оставката на Коутс.

Поранешниот сенатор од Индијана беше 16 години во Сенатот и амбасадор во Германија (2001-2005). Во 2014 година како дел од одговорот на Кремљ на санкциите на САД и ЕУ заради акциите во Украина, Коутс беше еден од неколкуте членови на Конгресот кои добија забрана за посета на Русија.

Републиканецот Џон Ретклиф од Тексас се споменува како потенцијален заменик иако досега нема официјална одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот