ОСТАВКА НА БРИТАНСКИОТ АМБАСАДОР ВО САД: Го исплука Трамп, па се повлече од служба! (ВИДЕО)

Британскиот амбасадор во Вашингтон, сер Ким Дарок денеска поднесе оставка по скандалот со протечените дипломатски документи, пренесува Ројтерс.

„По протекувањето на официјални документи од оваа амбасада се појавија големи шпекулации околу мојата позиција и времетраењето на преостанатиот мандат како амбасадор. Сакам да се стави крај на таа шпекулација. Сегашната ситуација е невозможна за мене да ја извршувам мојата улога како што би сакал”, рече Ким Дарок во неговото писмо за оставка.

Препукувањата почнаа откако во јавноста протекоа дипломатски дописи, во кои британскиот амбасадор остро ја критикува актуелната администрација во Вашингтон. Според него, администрацијата на претседателот Трамп е неспособна и дисфункционална и мала е веројатноста дека ќе се подобри.

На тоа не остана должен ниту претсдедателот на САД, Доналд Трамп, кој преку својот твитер профил објави:

„Удрениот амбасадор кој Обединетото Кралство го натовари во САД не е некој со кого сме воодушевени. Многу глуп тип“, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер и додаде дека „нема повеќе да се занимава“ со британскиот амбасадор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот