Остануваат истите епидемиолошки мерки во Србија, за влез во земјата задолжителен ПЦР тест

Дијагностички центар во Србија / фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Српската влада по препорака од Кризниот штаб за борба против коронавирусот одлучи да ги задржи сите досегашни епидемиолошки мерки, меѓу кои и задолжителен ПЦР тест за сите кои ќе влезат на територијата на Србија, соопштено е во Белград.

Со задолжителен негативен ПЦР тест за влез во земјата не постар од 72 часа, на сила остана и ограничувањето на работата на угостителските објекти до 20 часот, а трговијата со прехранбени производи ќе работи до 21 часот како и забраната за собири на повеќе од пет лица, со задолжително носење маски во затворен простор.

Со темелна епидемиолошка проценка српската влада одлучи од 18. јануари да дозволи настава во основните и средните училишта според вообичаениот план од септември според кој средношколците имаат часови секоја втора недела наизменично со половина ученици во одделението, додека основците одат на училиште секој втор ден.

Српските здравствени власти во понеделникот пријавија 28 смртни случаи како последица на инфекција од ковид-19 и уште 2.093 новозаразени од коронавирус.

Од почетокот на епидемијата на 6. март минатата година во Србија досега се регистрирани вкупни 361.782 заболени од ковид-19, а официјално се пријавени 3.610 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот