Останува во Барселона, Лапорта ги започна преговорите со Меси

epa09142304 FC Barcelona's striker Lionel Messi (C) celebrates with teammates after scoring the 0-3 goal during the Spanish King's Cup 2021 final soccer match between FC Barcelona and Athletic Bilbao held at La Cartuja Stadium, in Seville, southern Spain, 17 April 2021. EPA-EFE/Julio Munoz

Лионел Меси е на чекор од продолжување на договорот со Барселона, објави каталонската телевизија ТВ3 која додава дека таткото на фудбалерот, Хорхе Меси, кој воедно му е и агент, имал успешни преговори со управата на клубот.

Договорот на Меси истекува на 30. јуни годинава, а последните најави се сосема спротивни на тоа што се случуваше минатото лето. Имено, Аргентинецот по завршувањето на минатата сезона влезе во војна на зборови со поранешниот претседател на клубот, Хосеп Марија Бартомеу и побара да го напушти клубот во кој игра 20 години. Тогаш Лапорта не му дозволи на Меси да си замине, а на почеток од годинава со враќањето на Жоан Лапорта за нов претседател, се смени расположението и кај самиот фудбалер.

Згора на тоа, Барселона триумфира во Кралскиот Куп, а е лидер во Ла Лига, а Лапорта му ветил на својот најдобар фудбалер дека во летниот преоден рок ќе донесе квалитетни засилувања за да се нападне трофејот во Лигата на шампионите.
Според телевизијата ТВ3, Меси дури е подготвен и да игра за помалку пари, а за возврат очекува по крајот на кариерата да добие важно место во управата на клубот.
Телевизијата исто така додава дека планот на Меси е за Барселона да игра уште две години, по што ви заминал во САД и МЛС лигата каде ќе ја заврши кариерата, па потоа да се врати во каталонскиот тим како дел од управата.
ТВ3 објави дека ова е одговорот на Барселона на вчерашната вест дека ПСЖ му понудил тригодишен договор на Лионел Меси за далеку подобра плата таа што ја има во каталонскиот клуб.

Започнува нова војна помеѓу ПСЖ и Барселона, откриена понудата на „светците“ за Меси

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот