Останува на сила забраната за Водно и над Матка, на другите планини со дозволи од ЈП Национални Шуми

Стојанче Ангелов /Фото: Screenshot/МИА

Поради долготрајноста на двата пожара во заштитеното подрачје Јасен и на планината Осој, останува на сила целосна забрана за движење на Водно и од другата страна на кањонот Матка, информираше на денешната прес-конференција Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи. Ангелов посочи дека пожарите во тој реон, од кои едниот се провлекува веќе петнаесетина дена, со денови не можат да го изгаснат поради непристапноста на теренот, па поради тоа засега тој предел засега нема да може да биде достапен за движење со дозвола.

Тој најави дека ЈП Национален парк Галичица исто така ја ублажи забраната за движење низ планината и сега издава дозволи за планинарите и посетителите.

Во разговор со ЈП Национални шуми сугериравме олабавување на целосната забрана за движење низ шумите, рече на денешната прес конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. „Лицата кои имаат потреба од движење низ шумите како што се планинарите, параглајдеристите и другите кои организирано се движат низ природа можат да побараат дозволи од подрачните единици на ЈП Национални Шуми за локалните планини на конкретниот регион“, нагласи тој.

Ангелов истакна дека досегашната целосна забрана за движење низ шумските појаси, воведена поради бранот шумски пожари кои се проширија во текот на месецов, е ублажена поради тоа што, како што рече, планинарите се тие кои се најголемите пријатели на планините и можат благовремено да ги известат надлежните за појава на шумски пожари уште додека тие не се проширени и да помогнат во гаснење на огнот додека е во почетна фаза, додека пак параглајдеристите исто така имаат можност од воздух да забележат евентуална појава на чад или огин.

Доколку во наредниве денови се оствари прогнозата за најавените врнежи, постои веројатност и целосно да се укине забраната за движење рече Ангелов, но, нагласи, свесни сме дека за подобрување на состојбата со пожарите најмногу придонесе свесноста и совеста на поголемиот дел од граѓаните кои ги почитуваа забраните за движење.

Во моментов активни се пожарите над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај на непристапен терен кон сртот на планината Осој, каде се уште гори нискостеблеста и деградирана шума, информираат од ЦУК. Во атарот на селото Ракле и Топлица, прилепско, пожарот е се уште активен но нема опасност од негово проширување. Пожарот на планината Готен, кај местоот викано Калинско е повторно активиран. Во моментов интервенираат лица од Шумско стопанство Беласица, а на истиот пожар кој гори и на беровска територија се интервенира и од страна на ШС Берово, Малешево и Равна Река.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот