Останаа разликите меѓу власта и опозиција за СЈО

Работните групи на власта и на опозицијата денеска не постигнаа напредок во однос на законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на СЈО.

Министерката за правда Рената Дескока по средбата изјави дека отвориле точки за кои има крупни разлики со ВМРО-ДПМНЕ и оти не можеле да постигнат напредок.

– Разговаравме претежно за точките кои се разликуваат во нивниот предлог-закон од предлог-законот кој е доставен од Владата во Собранието. За жал одредени решенија кои многу лесно го карактеризираат нивниот закон како ретрограден и сталинистички, беа позиции на кои тие останаа во текот на денешните разговори, рече Дескоска.

Таа информира дека опозицијата бара целосна, строга централизација на системот на Јавното обвинителство која, како што рече, ќе значи јавниот обвинител Јовевски или кој и да биде, да биде човек со чиј мандат ќе бидат врзани мандатите на 27 носители на јавнобвинителската функција во државата. Со престанокот на мандатот на државниот јавен обвинител,а кко што поспчи, би требало да престане мандатот и на тие 27 лица кои се на чело на јавните овбинителства во државата.

Прочитајте и...  Двајца лекари од Ургентен центар се расправале на висок тон за пациент, отворена е дисциплинска постапка

– Тоа е нешто што сметаме дека не е добар концепт, дека носи силна централизација и која ќе значи на некој начин парализирање на целиот систем кога ќе престане мандатот на државниот обвинител, кажа Дескоска.

Посочи дека клучни разлики имаат и за прашањето за идниот статус на СЈО, на обвинителите, на вработените и на предметите.

– Според барањето на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојде до целосно демонтирање на структурата на СЈО, но и за жал на Обвинителството за организиран криминал. Барањето беше дека треба неизивесна да биде судбината на сите лица кои се вработени во СЈО и во Обвинителството за организиран криминал, и со нивното спојување да не се знае тие лица каде ќе одат. Понатаму тие да се распределуваат, што ќе се одрази негативно врз континуитетот на процесите бидејќи процесот на екипирање оди бавно и тоа ќе доведе и до застареност на одредени случаи, рече Дескоска.

Прочитајте и...  Заев – Јан Коп: Правдата и владеењето на правото ќе бидат примарен фокус на идната влада предводена од СДСМ

За статусот на предметите што се водат од СЈО во моментов, Дескоска рече дека од опозицијата инсистираат да нема одредба во законот која ќе даде надлежност на новото обвинителство да ги гони предметите од прислушуваните материјали.

На средбата, покрај Дескоска, присуствуваа и советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ, пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Панче Тошковски, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката Соња Мираковска од НСДП.

На новинарско прашање за случувањата во СЈО и за обвинителката во оставка Катица Јанева и дали тоа, како и случајот „Рекет” ќе влијае на целиот процес и на разговорите, Дескоска рече дека сегашната ситуација е апсолутно неповолна.

– И никој не ја посакуваше, ниту пак ја очекувавме. Сите сме шокирани од она што го гледаме. Јас се надевам дека Обвинителството за организиран криминал побрзо и поефикасно ќе ја води истрагата со цел да не останат сомневањата и дамката и доколку има потреба од судски постапки, да почнат, рече Дескоска.

Прочитајте и...  Болеста Син јазик откриена кај 12 грла овци во две одгледувалишта во Македонски брод и Кичево

Единствено, како што додаде, во судска постапка треба да се види кој е виновен и тој што е виновен да си ја понесе својата одговорност.

Прашана за тоа што мисли за претставниците од власта кои се блиски со осомничените за случајот „Рекет”, Дескоска рече дека блискоста не е основ за кривично дело.

-Ако има инволвираност во кривични дела, тогаш правдата треба да биде безмилосна за сите. Сите треба да одговараат без разлика дали се луѓе од власта, дали се од опозицијата, од обвинителство. Во тој дел се залагам за неселективност во гонењето на сите, нагласи Дескоска.

Прочитај повеќе

Николовски: Со таков преварант имаме работа на којшто на 15 јули треба да му ставиме крај

Слободен печат

Во ГОБ „8 Септември” излекуван пациент кај кого Ковид-19 предизвикал воспаление на мозокот

Слободен печат

Мицкоски: Ќе дадам сè од себе да ја сменам реалноста со штетните договори со Грција и Бугарија

Слободен печат

Заев: Антикорупциска ќе врши проверка на имот, потекло на пари на судии, обвинители вклучително и на политичари

Слободен печат

Мицкоски: Мора да се сочува унитарниот карактер на државата

Слободен печат

Триесетдневен притвор за поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Јанушев: СДСМ не работи на проекти, одлика на СДСМ е корупцијата и криминалот

Слободен печат

Заев: Ќе ги поразиме сите национализми на овие избори, тоа е лажен патриотизам

Слободен печат

Зиадин Села ја потпиша на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка”

Слободен печат

Дебар бара да бидат испратени пулмолог и инфектолог во Општата болница

Слободен печат

Почна уривањето на бетонската база во Охрид во сопственост на советникот на ДУИ, Нефи Усеини

Слободен печат

Чулев: Секој обид за поткуп или за било какво влијание врз гласачите ќе биде соодветно евидентиран и санкциониран

Слободен печат