ВИДЕО | Останаа крвави траги: Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“

Пациент утрово во 7.20 часот си го одзеде животот со скок од прозорец на првиот кат на ГОБ „8 Септември“ во Скопје, каде се лекувал од ковид-19.

На платото пред Инфективното одделение каде се примаат пациенти заболени од ковид, утрово по трагичниот настан останаа крвави траги кои сведочат за трагедијата.

Случајот го потврди МВР од каде соопштуваат дека се работи за пациент на 70-годишна возраст и персоналот од болницата го пријавил случајот како самоубиство. Тој бил хоспитализиран во болницата на 5ти февруари.

Засега нема повеќе детали за случајот, ниту каква била состојбата на пациентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот