ОСТАНАА 48 ЧАСА: Да, Кутињо оди на позајмица, но каде?

dailymail.co.uk/

Останаа уште 48 часа до крајот на преодниот рок, Тотенхем го гледа како можна замена за Кристиан Ериксен кој што е посакуван од Манчестер јунајтед. За него интерес покажуваат уште поранешниот клуб Ливерпул, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Според „Дејли Мејл“, во предност е европскиот вицешампион Тотенхем, а „Л`Екип“ со сигурност информира дека една година како позајмица ќе игра во Арсенал.

Кога сме веќе кај Арсенал, официјално од клубот си замина францускиот играч од средниот ред ред Лорент Кошчелни кој ја продолжува кариерата во Бордо.

Кутињо има договор со Барселона до 2023 година и каталонскиот клуб не сакаше да го продаде, но сепак е подготвен да го пушти на „Емирати” следната сезона.

Кутињо не импресионираше по пристигнувањето во каталонскиот гигант и се мачеше многу, но остави длабок белег во Англија играјќи за Ливерпул. Инаку, 27 годишниот Бразилец во јануари 2018 година се пресели во Барселона за 142 милиони фунти, но тоа не се покажа како добар потег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот