Осомничениот за тројното убиство во Сплит е префрлен во болница

Фото: Миа.мк

Како што јави дописникот на МИА од Загреб, тој денеска поради влошената здравствена состојба не бил во можност да го даде својот исказ во сплитското Oбвинителство.

Филип Завадлав (25), главниот осомничен за трикратното убиство во Сплит е префрлен во болница.

Како што јави дописникот на МИА од Загреб, тој денеска поради влошената здравствена состојба не бил во можност да го даде својот исказ во сплитското Oбвинителство.

Хрватските власти потврдија дека тој ќе биде префрлен во затворската болница во Загреб.

Тој не бил во состојба да одговори и пред полицијата веднаш по вчерашното апсење, а според непотврдени информации на затворските чувари само им зборувал за самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот