Осомничениот за нападот врз Ружди прочитал само две страници од неговата книга „Сатански стихови“

Хади Матар, осомничениот за нападот врз Салман Ружди/ Фото ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Осомничениот за нападот врз писателот Салман Ружди синоќа во судницата во Њујорк се изјасни за невин за обид за убиство, пренесуваат светските медиуми.

24-годишниот Хади Матар е обвинет за нападот врз Ружди кој се случи минатиот петок на конференција во Њујорк.

Уапсен веднаш по инцидентот, осомничениот веќе следниот ден се изјасни за невин на процедуралното рочиште.

Маскиран, со лисици и облечен во затворска униформа со црно-бели риги, Матар синоќа зборуваше преку својот адвокат.

Неговиот адвокат Натаниел Бароне на судењето истакна дека неговиот клиент има право на „фер судење“ и почитување на „презумпцијата на невиност“.

Матар „изненадан“ што Ружди преживеал

Во интервју за Њујорк пост, кој пишува дека контактирал со него во затвор, Хади Матар рече дека е „изненаден“ што Салман Ружди го преживеал нападот.

75-годишниот британски автор, кој беше прободен десетина пати во вратот и стомакот и со хеликоптер беше евакуиран во болница, накратко беше ставен на респиратор пред да му се подобри состојбата.

Матар не кажа дали е инспириран од фатвата издадена од Ајатолахот Хомеини во 1989 година од Иран, во која се повикува на смрт на писателот, а неговата книга „Сатански стихови“ беше прогласена за богохулије од иранскиот врховен водач.

Тој за Њујорк Пост изјави дека има „почитување за ајатолахот“, кој е „извонредна личност“.

Што се однесува до Ружди, Матар рече дека тој не е „добар човек“. „Не ми се допаѓа оваа личност“, рече тој.

„Тој е некој што го нападна исламот“, додаде тој. Гледајќи видеа од авторот на Јутјуб, тој откри дека е „лицемер“, но призна дека прочитал само две страници од книгата за која се тврди дека била причина за фатвата.

ВИДЕО: Британскиот писател Салман Ружди избоден со нож во Њујорк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот