Осомничени за злоупотреба на службената должност: Уапсени двајца екс директори на косовскиот телеком

Фото: exit.al

Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција денеска уапси двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово, осомничени за злоупотреба на службената должност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Повикувајќи се на извори во полицијата, неколку косовски медиуми објавија дека се работи за поранешниот директор на маркетинг на државниот телеком, Трим Муслиу и екс-директорот за финансии, Арменд Осај, кои се сомничат за злоупотреби при склучување маркетиншки договори со одредени фирми.

Според „Газета експрес”, заради фалсификување документи за истиот случај, уапсени се уште најмалку две лица – братот на Муслиу, со иницијали К.М., и лицето Д.С., кое, како што наведува порталот, е од турска националност.

Извори од косовската полиција информираат дека акцијата започната претпладнево продолжува и не се исклучени нови апсења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот