Осомничени за силување и убиство на жена во Индија биле убиени кога се обиделе да нападнат полицајци - Слободен печат

Осомничени за силување и убиство на жена во Индија биле убиени кога се обиделе да нападнат полицајци

Индиската полиција соопшти денеска дека четворица мажи осомничени за силување и убиство на жена во јужна Индија биле убиени за време на реконструкцијата на злосторството.

Четворицата биле во притвор и не се официјално обвинети за какво било кривично дело.

Тие биле однесени на местото на злосторството рано утрово, каде се сомничеле за силување и убиство, како и на местото каде што телото на жртвата било запалено на оддалеченост од околу половина километар, рече службеник од канцеларијата на комесарот на полицијата.

Комесарот за полиција во Хиберабада В.Ц. Саџанар, изјави за Би-Би-Си дека полицијата ги однела обвинетите на местото на настанот да го реконструира она што се случило.

– Полицијата пукала кон нив кога се обиделе да ги зграбат пиштолите на офицерите и да побегнат, рече тој. Притоа, двајца полицајци се повредени.

Изгореното тело на 27-годишната жртва беше пронајдено минатата недела и тој инцидент предизвика бес и протести ширум Индија поради наводна неактивност на полицијата.

Прочитај повеќе

Рама го поздрави договорот за воспоставување авиолинија Приштина-Белград

Слободен печат

ПУКОТНИЦА ВО САН АНТОНИО: Двајца загинати во ноќен клуб, полицијата трага по сторителот

Слободен печат

Макрон: Ќе работиме заедно со Трамп на добар договор за да избегнеме ескалација на даноците

Слободен печат

ЕУ одвои 900 милиони евра за помош на земјите во кои владее хуманитарна криза

Слободен печат

Вучиќ за авиолинијата Приштина-Белград: Постигнавме договор без да го признаеме Косово

Слободен печат

Околу 3.300 луѓе во БиХ годишно умираат поради аерозагадувањето

Слободен печат

Остави Коментар

4 × 5 =

Прочитај повеќе

РУСИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА ОДБРАНАТА НА АРКТИКОТ: Тука нема да можат да пројдат хиперсоничните ракети (ВИДЕО)

Слободен печат

Хакер открил и објавил листа со повеќе од 500.000 кориснички имиња и лозинки

Слободен печат

Локализиран пожарот во Белград

Слободен печат

Тачи за авиолинијата Приштина-Белград: Тоа е чекор напред за односите меѓу Косово и Србија

Слободен печат

Петровска: Постапката за набавка на обрасците е спроведена, а договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки

Слободен Печат

Кои 12 амандмани ги предлага Путин?

Слободен Печат