Осомничен за силување се обесил со чаршафи во затворот во Шутка

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

За него Обвинителството побарало мерка притвор, бидејќи се обидел да силува малолетничка

61-годишен професор од Тетово вчера си го одзел животот во затворот во Шутка, потврдија од КПУ Скопје за Слободен печат.

Настанот се случил околу 16.30 часот, кога трае вообичаената прошетка на затворениците, но тој одбил да го искористи времето за рекреација, со образложение дека почувствувал стомачни здравствени тегоби и решил да остане во ќелијата. Користејќи ги затворските чаршафи успеал да се самоубие, а откако бил пронајден веднаш била констатирана смрт.

Тетовецот Сулејман М. бил притворен, бидејќи за него се води истрага за силување, односно полов напад врз малолетничка на осум години.

– Едно лице во Тетово денеска е приведено поради наводен обид за силување малолетно девојче на возраст од осум години. Информациите говорат дека обидот за силување бил спречен од мајката на девојчето, откако претходно лицето успеало да ја измами малолетничката, пишуваа медиумите на 28 февруари годинава.

Неофицијално, за работата на стражарите, кои биле дежурни кога се случил настанот, ќе биде покрената истрага, а пред чинот на самоубиство, професорот покажувал знаци на психички проблеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот