Основно училиште во општина Гостивар ќе оди во карантин

Дезинфекција на образовните објекти / Септември 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Основното училиште во селото Вруток деновиве ќе биде затворено, заради позитивни тестови на КОВИД 19 на тројца вработени. Наставата во ОУ „Лирија” според одговорните во секторот за образование најверојатно ќе продолжи онлајн.

Состојбата со ширењето на вирусот во гостиварско се влошува и таа почна да влијае и врз наставниот процес, посочуваат одговорните во локалната самоуправа.

– Денеска добив известување од училиштето „Лирија” и нè информираа дека во групата која изведува настава на македонски јазик има тројца заразени. Тие заради тоа, побараа наставата да продолжи онлајн. Најверојатно, во установата ќе биде воведен карантин, изјави Аслијан Снопче одговорна за секторот образование во општина Гостивар.

Случаи со инфицирање од корона вирусот, според Снопче има и во други училишта, кои се движат во рамки на три или четири. Досега, вели таа има 22 кои се надвор од наставниот процес.

Таа посочи дека во градинките состојбата се нормализира откако беа откриени позитивни случаи на корона вирусот. Таму пред две недели имаше четири лица вработени во заедничката кујна кои заради КОВИД-19 беа изолирани.

Вкупната бројка на активни случаи во гостиварско надминува 450.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот