Основно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против Африм Гаши

АФРИМ ГАШИ
Африм Гаши / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Основното обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

Како што објави порталот “Тетова сот”, Гаши се терети за фалсификување на потписи за време кога Движењето Беса беше поделено на два блока.

Обвинителството исто така поведувал постапка и за Зеќирија Ибрахими како и за пратеникот и координатор на коалициајата АА-А, Скендер Реџепи-Зејд. Од партијата на Гаши за Слободен печат велат дека сè уште немаат информации за ваквата одлука на обвинителството.

По распадот на Движењето Беса во 2018 година, Африм Гаши се прогласи за претседател на партијата, обидувајќи се да го замени Билал Касами за претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот