Основните училишта од Центар за изборен предмет ќе имаат јазици на помали етнички заедници од земјава - Слободен печат

Основните училишта од Центар за изборен предмет ќе имаат јазици на помали етнички заедници од земјава

Почнувајќи од учебната 2019-2020 година, во седумте општински основни училишта во скопската Општина Центар, како изборен предмет за трето одделенците ќе биде воведено изучување на јазиците на помалите етнички заедници во земјава.

Како што соопшти Општина Центар во текот на месец мај, по препорака на Министерството за образование и наука, општинските власти спровеле анкета за изразување интерес за изучување на српскиот јазик во паралелките од второ одделение во сите седум основни општински училишта на која позитивно се изјасниле вкупно 153 ученици.

– Имајќи предвид дека анкетата е спроведена на 29.06.2019 година, односно на денот на доделување на сведителствата, заради можно отсуство на дел од учениците, се очекува оваа бројка да се зголеми откако во септември ќе биде спроведена дополнителна анкета за отсутните. Согласно тоа, очекувањата се дека во учебната 2019-2020 година, ќе има една до две цели паралелки кои факултативно ќе го изучуваат српскиот јазик, се наведува во соопштението.

Општината најавува дека со почетокот на учебната година, веќе во септември, ќе биде спроведена и анкета за изучување на јазиците и на другите етнички заедници, поточно на бошњачки, турски, влашки и ромски јазик и во зависност од интересот и овие јазици ќе бидат воведени како изборни предмети за учениците од трето одделение.

– Воведувањето на јазиците на помалите етнички заедници во РСМ како изборен предмет во основните училишта на територија на Општина Центар има за цел да им овозможи на децата од одредена националност и академски да го изучуваат јазикот на националноста на која и припаѓаат, но и да им даде можност на децата од другите националности да се запознаат со јазикот на своите соученици. Проектот е во насока на зближување и заедништво, мултиетничка толеранција и разбирање и изучување и запознавање на децата со што повеќе јазици уште од најрана возраст, се додава во соопштението на Општина Центар.

Прочитај повеќе

Конгресот побара од Помпео да сведочи за убиството на Сулејмани

Слободен печат

Протести во Багдад: Еден загинат, 25 повредени во судири на полицијата и демонстрантите

Слободен печат

Ни слика ни тон, ако не е по бонтон!

Мирослава Бурнс

Новата методологија на ЕУ звучи охрабрувачки за Османи

Слободен печат

Трамп: Таканаречениот врховен лидер на Иран да внимава што зборува

Слободен печат

Временска прогноза: Умерено облачно со магла во котлините

Слободен печат

Остави Коментар

thirteen − 13 =

Прочитај повеќе

Европскиот суд за човекови права одлучи: Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

МИА Агенција

Датумот нема да дојде пред новата влада

Слободанка Јовановска

Курсна листа на НБРМ: Еврото денеска со вредност од 61.49 денари

Слободен печат

Демонстрации во Јордан против увозот на гас од Израел (ВИДЕО)

Слободен Печат

Уапсени две лица што се обиделе да продадат 12 милијарди лозинки

Слободен печат

Тактиката на Макрон за „исцрпување“ на демонстрантите дава резултати?

Слободен печат