Основниот суд во одреди едномесечен притвор за насилниците кои го претепаа тепаа синот на српскиот политичар Ненад Рашиќ

Основниот суд во Приштина денес одреди мерка притвор до 30 дена за седум момчиња осомничени за учество во масовна тепачка во Лапје Село овој понеделник, во која беа повредени синот на лидерот на Прогресивна демократска партија од Косово, Ненад Рашиќ и уште едно лице.

Според судското соопштение што го објавија приштинските медиуми, обвинетите М.Р., Ц.Ч., Л.К., Б.Ж., Д.Н., М.Ј. и Д.Т. непосредно пред тепачката стоеле во близина на училиштето во Лапје Село, додека жртвата Никола Рашиќ бил во локален автобус со пријателите.

„Кога излегол од автобусот, обвинетите ја пцуеле и навредувале жртвата, каде започнала тепачка помеѓу двете групи и каде Никола бил тешко повреден“, се вели во соопштението на судот.

Основниот суд во Приштина – филијала во Грачаница, смета дека постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело учество во тепачка со соучество.

Првата сопруга на Оливер Ивановиќ: Тие го прикриваат случајот, и тие знаат сè (ВИДЕО)

„Судијата на претходна постапка оцени дека мерката притвор е соодветна мерка за непречено одвивање на овој кривичен предмет, дека постои ризик, откако ќе бидат ослободени во оваа фаза од постапката, да избегаат или да се обидат да избегнат кривична одговорност“, соопшти судот.

Исто така, се наведува дека постои сомневање дека, доколку бидат ослободени, тие можат да уништат, скријат, изменат или фалсификуваат докази за кривично дело, влијаејќи на жртвата, а исто така постои опасност во случај да бидат ослободени, осомничените повторно да го сторат истото кривично дело или слични кривични дела.

Ненад Рашиќ денес изјави дека е сигурен дека неговиот син не знаел дека ќе има тепачка и дека Никола навистина добил пораки со содржина „Те чекаме утре“ од првообвинетиот, но неговиот син тоа го разбрал како шега.

Командантот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ, предходно за Косев изјави дека тепачката меѓу две групи млади момчиња била договорена во понеделникот.

Адвокатите на двајцата обвинети млади момци – Марко Ристиќ и Лазар Караџиќ, денес за РТВ Ким потврдија дека ќе поднесат жалба, на што Апелацискиот суд треба да одговори во рок од 48 часа.

Тие сметаат дека мерката притвор во траење од 30 дена не е основана затоа што станува збор за полесно кривично дело и дека не се заснова на цврсти докази.

Судската седница беше проследена со протест на родители, сограѓани и соученици пред полициската станица во Грачаница пренесоа локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот