Основни училишта од Аеродром мета на нови дојави за бомби

Фото: Општина Аеродром

Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР за МИА.

Дојави за бомби, според сознанија на МИА, има во основното училиште „Александар Македонски” и во „Лазо Ангеловски” на територија на Општина Аеродром.

Освен во средни и основни училишта, анонимни дојави за поставени бомби nа почетокот на неделава имаше и во институции и трговски центри.

Покрај нив, дојава за поставена бомба утрово има и во кумановското Основно училиште „Браќа Миладиновци”, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители.

– Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани, изјави за МИА директорката на училиштето Јасмина Спасовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот