Основан Македонско – швајцарски бизнис клуб за соработка на компаниите од двете земји

Зголемување на соработката и на трговската размена преку вмрежување компании, изградба и зајакнување на врски, како и заемна промоција, е целта на Македонско – швајцарски бизнис клуб формиран со поддршка на Амбасадата на Швајцарија и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК).

За претседател на Бизнис клубот е избранa Јасминка Талеска, директор на швајцарската компанија „Новартис”.

– Клубот се формира како резултат на детектираната потреба и потенцијал за зголемување на деловната соработка и на бројот швајцарски компании кои работат во нашата земја. Постои голем потенцијал за натамошно унапредување на можностите за соработка меѓу компаниите од двете земји. Целта на формирањето е пред се да ја зголемиме соработката. Обединувајќи ги компаниите кои се со швајцарски капитал и компаниите од Сојузот кои имаат интерес за соработка, веруваме дека ќе делуваме кон зголемување на трговската размена која според статистичките податоци минатата година изнесуваше 105 милиони евра, со остварен извоз од 40 милиони евра и увоз од 65 милиони евра, рече Арсовска по повод почетокот на работа на Бизнис клубот.

Прочитајте и...  И САД загрижени од ситуацијата во Белорусија

Заменик-амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан истакна дека Амбасадата ќе се залага во својот домен за јакнење на соработката меѓу двете земји, со особен акцент на зголемување на трговската и економска соработка.

-Ова е знак дека билатералните економски односи се добри. Убедени сме во потенцијалот за зголемена трговија и инвестиции меѓу нашите две држави. Во таа насока, новиот деловен клуб ќе има корисна улога, изјави Тoмаџан.

Претседателката на Бизнис клубот, Талеска гледа придобивки од интензивирањето на соработката во можноста нашиот пазар да биде цел за влез и работа на компаниите од Швајцарија од што, рече, бенефит ќе имаат двете страни.

Во моментов над 40 компании се со 100-процентен швајцарски капитал или дистрибуираат проиводи или услуги од Швајцарија на македонскиот пазар.

Прочитајте и...  Паника во Кина: Се шири бубонската чума, уште едно село ставено во карантин по смртен случај

Прочитај повеќе

Забрзан пад на заразени со коронавирусот во Шведска, властите не се сигурни зошто

Слободен печат

Најмалку 32.000 луѓе во БиХ ја изгубиле работата од почетокот на епидемијата

Слободен печат

Шумското производство помало за пет отсто

МИА Агенција

СДСМ: Создаваме ново парламентарно мнозинство и нова Влада

Слободен печат

Чикаго воведува полициски час по насилствата и грабежите

Слободен печат

Здравствената агенција на ЕУ повика на повторно воспоставување на контролни мерки

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Паника во Кина: Се шири бубонската чума, уште едно село ставено во карантин по смртен случај

Слободен печат

Моментот кога Трамп беше итно евакуиран: Агент на тајната служба му кажа три збора, тој не знаеше како да реагира (ВИДЕО)

Слободен печат

Американски конвој нападнат на границата меѓу Ирак и Кувајт

МИА Агенција

Повеќе од 13 милиони луѓе во светот закрепнале од коронавирусот

МИА Агенција

На „Охридско лето” вечер концерт на полско-руското Дуо пијано 4 раце со Јулија Коќубан и Илја Максимов

МИА Агенција

Трамп напушти брифинг поради пукање во близина на Белата куќа

МИА Агенција