Основачот на ултрадесничарската група „Чувари на заклетвата“ осуден поради нападите во Капитол

Стјуарт Роудс/Фото: Demetrius Freeman - Pool via CNP / Zuma Press / Profimedia

Основачот на ултрадесничарската група „Чувари на заклетвата”, Стјуарт Роудс, е осуден за организирање заговор за поништување на победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД.

Поротата во Вашингтон синоќа го прогласи Роудс виновен за бунт, по речиси двомесечното судење што ги откри намерите на екстремно десничарската група по секоја цена да го задржи републиканецот Доналд Трамп во Белата куќа.

Роудс беше ослободен од другите две точки од обвинението.

Самиот Роудс не влезе во американскиот Капитол на 6 јануари, но е обвинет дека водел заговор што започна непосредно по изборите во 2020 година, со цел да иницира вооружен бунт за да се запре трансферот на претседателската функција.

Пресудата претставува важен чекор за американското Министерство за правда и најверојатно ќе го отвори патот за Обвинителството да продолжи со судења на други бунтовнички екстремисти.

Пресудата најверојатно ќе ги охрабри истражителите чија работа се прошири надвор од истрагата за лицата кои извршија упад во зградата на Конгресот. Тие ќе се фокусираат и на други лица поврзани со обидите на Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот