Основачот на Твитер: „Хиперинфлацијата ќе промени сè и тоа во моментов се случува“

Џек Дорси, основачот на социјалната мрежа Твитер / Фото: EPA-EFE/Greg Nash / POOL

Џек Дорси, коосновачот на популарната социјална мрежа Твитер, смета дека инфлацијата во САД ќе ескалира и дека работите значително ќе се влошат.

„Хиперинфлацијата ќе промени сè. Тоа во моментов се случува“, напиша Дорси на Твитер пред два дена, поради растот на потрошувачките цени во САД, што е блиску до највисокото ниво во последните 30 години, но и поради зголемената загриженост дека проблемот може да биде уште поголем од она што го очекуваа креаторите на монетарната политика

Покрај управувањето и раководењето со мрежата која има 206 милиони активни корисници дневно, Дорси е и голем поборник за биткоин.

Џек Дорси, основачот на социјалната мрежа Твитер / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Тој наведува дека Square, платформата за обработка на дебитни и кредитни картички чиј коосновач е, сака да влезе во бизнисот со рударство на оваа криптовалута. Всушност, Square веќе поседува одредена количина на биткоин и дозволува тргување со нив.

Криптовалути Биткоин/ Фото: Архива на Слободен Печат

Од друга страна, претседателот на Банката на федерални резерви, Џером Пауел, минатата недела призна дека инфлациските притисоци „најверојатно ќе траат подолго од претходно проценетото“, истакнувајќи дека би можеле да траат и во текот на „следната година“.

Лидерот на американската централна банка додаде дека очекува ФЕД наскоро да започне со повлекување на вонредните корона мерки за поддршка на економијата, за кои критичарите велат дека го стимулирале растот на инфлацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот