Основачот на Амазон донираше 100 милиони долари за набавка на храна

Фото: МИА

Подарокот од 100 милиони долари за националната организација Фидинг Америка претставува најголема поединечна донација

Најбогатиот човек на светот и основач на Амазон Џеф Безос донираше 100 милиони долари на организацијата за храна Фидинг Америка ( Feeding America), што претставува најголема донација  на еден поединец  во досегашната историја на светските хуманитарните акции.

– И во нормални околности, постои голема неизвесност кога се работи за набавка на храна,  поради која, голем број на американските домаќинства имаат проблем да ја набават, особено сега во вонредните околности предизвикани од глобалната пандемија, изјави Безос.

Покрај Безос, и неколку други богати личности донираа во американската агенција за храна. Меѓу нив се  Опра Винфри со еден милион долари, Леонардо ди Каприо, компанијата Епл,  и фондацијата Форд, со вкупно 12 милиони долари донација за помош на најзагрозените американски граѓани.

Американскиот фонд за храна, најави дека помошта приоритетно ќе им биде  дадена  на децата, кои досега беа на училишните прогами за храна, на семејствата со ниски примања, на старите и изнемоштени лица, како и на оние граѓани кои поради пандемијата останале без работа.

Според статистиката, и пред појавата на пандемијата, во САД над 37 милиони граѓани имале проблем да обезбедат најосновни животни намирници и храна, Меѓу нив, 11 милиони деца и 5,5 милиони стари лица, се вели во статистиката изготвена од Фидинг Америка.

Организацијата за храна Фидинг Америка е најголема национална организација која се занимава со собирање на средства за храна и се бори со намалување на процентот на глад.

Со своите услуги на годишно ниво им помага на повеќе од 40 Американци преку повеќе од 200 свои банки на храна, лоцирани низ сите сојузни држави во САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот