„Основач, но и робовладетел“: По еден век, Њујорк ја отстранува статуата на Џеферсон

Статуа на Томас Џеферсон, основачот на САД во Њујорк/ Фото EPA/MICHAEL REYNOLDS

Градот Њујорк го одобри предлогот да се отстрани статуата на Томас Џеферсон, еден од основачите на Соединетите држави, од Градското собрание, каде што беше повеќе од еден век, поради неговото минато околу робовладетелството, пишува Њујорк Тајмс.

Градскиот совет едногласно го усвои предлогот за отстранување на статуата на Томас Џеферсон, кој исто така е еден од авторите на Декларацијата за независност на Соединетите држави.

Џеферсон држел повеќе од 600 робови и робинки во заробеништво на неговата плантажа во Вирџинија и имал шест деца со една од робинките.

Латиноамериканските и афроамериканските членови на градскиот совет веќе неколку години бараат отстранување на статуата од градското собрание.

Поместување на статуата

Се очекува статуата да биде преместена во салата на Историското друштво на градот Њујорк.

Третиот американски претседател Томас Џеферсон ги пишува едни од најсрамните страници во долгата и богата историја на нашата земја “, рече афроамериканскиот член на градскиот совет на Њујорк, Адриен Адамс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот