Осмото издание на „Прв до врв 2020″ ќе се одржи на 27 септември

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

Сите заинтересирани за учество на настанот „Прв до врв” можат да се пријават на веб страната www.prvdovrv.mk.

Во недела на 27 септември ќе се одржи осмото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2020″ на Водно.

Програмата на спортскиот настан вклучува трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг трка за компании.

Оваа година традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата поради задолжителните мерки за заштита на учесниците од Ковид-19.

Настанот „Прв до врв” ќе се одржи според пропишаните протоколи од Министерството за здравство.

Сите заинтересирани за учество на настанот „Прв до врв” можат да се пријават на веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот е организиран од здружението за спорт и рекреација „Прв до врв” во соработка со Град Скопје и деловно-општествената заедница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот