Осмомартовски протест во Атина

Фото: МИА

Со пораки против дискриминацијата, против сексизмот, против родовото насилство и со мини концерти и протест во центарот на Атина се одбележува Меѓународниот ден на жената, јави дописничката на МИА од Атина.

Во протестот учествуваа здруженија и синдикати од различни сектори, а мажи и жени кои не испуштија да го споменат и грчкото #metoo.

„Го прекинуваме молкот”; „Отворени училишта за сите деца без расизам и сексизам”; „Борба за медиуми без дискриминации и сексизам”; „Борба за рамноправност дома и на работа”; „Стоп за сексистичките дискриминации”; „НЕ значи НЕ”, беа дел од слоганите на денешниот протест што се одржа и покрај рестриктивните мерки и карантинот во Грција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, преку социјалните мрежи истакна дека 8 март оваа година е „многу поразличен и двојно поважен”, бидејќи е прв ден на жената по грчкото #metoo. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот