Османи: Зелената агенда значи нов начин на живот, а не само екологија

Бујар Османи во „Утрински брифинг“
Бујар Османи во „Утрински брифинг“ Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Може ли да се доведе во прашање мнозинството на Владата, при услови на тенко мнозинство во парламентот, а со оглед на резултатите од локалните избори во кои опозицијата постигна подобар резултат од позицијата, го прашавме министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е и висок функционер на ДУИ.

– Во последниве 10 години секоја година имаме избори. Немаме потреба од тоа. Тоа значи стискање пауза на работите во државата. Мислам дека нема да има нови избори и потреси. Пред нас се важни прашања, а мнозинството е стабилно, вели Османи за „Утрински брифинг“.

Во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека следно е претседател Албанец во РС Македонија која беше толкувана како предизборен популизам, Османи вели дека Ахмети не е разбран соодветно.

– Ахмети зборуваше за еднаквоста како принцип, дека ниеден човек не може да биде исклучен. Тој ги објасни тие работи како промена на начинот на однесување. Тоа што беше во 90-тите либералната агенда сега е зелената агенда. Ние се адаптираме кон новото време. Прво, зелената агенда ја сфаќаме како нов начин на живот а не само како екологија. Правиме стратегија натаму преку практични решенија во таа насока, вели Османи.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот