Османи: Зелена дипломатија – новото нормално, вработените во МНР ќе користат електрични тротинети

Фото: Facebook/Бујар Османи

Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, со вакви примери помагаат на околината и на природата.

Тој денеска на својот Фејсбук профил напиша дека практичноста од употребата на ваков тип на превозни средства се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што, според него, веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90 проценти од нив кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.

– Зелена дипломатија – новото нормално. За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет, пишува Османи на ФБ.

Тој додаде дека преку вакви примери, си помагаме себеси, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот