Османи за трагедијата во Цетиње: Косово е заедно со Црна Гора

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод трагедијата во црногорскиот град Цетиње, каде што вчера едно лице уби десет и рани уште неколку други лица, порача дека косовската држава и граѓаните се „заедно со црногорскиот народ во овие моменти на жалост“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи преку својата страница на Твитер им изрази сочуство на нејзиниот црногорски колега, Мило Ѓукановиќ и на семејствата на загинатите и им пожела брзо опоравување на повредените.

„Ожалостена од веста за масовните пукотници во Цетиње во Црна Гора. Им изразуваме сочувство на претседателот Ѓукановиќ, на семејствата кои ги загубија своите блиски и им посакуваме брзо оздраввуање на повредените. Ние стоиме заедно со црногорскиот народ во овие моменти на жалост“, напиша Османи.

Еден 34-годишен жител на Цетиње вчера уби со огнено оружје десет свои сограѓани, меѓу кои и две деца, пред и самиот да биде убиен од полицијата.

Црна Гора поради трагедијата прогласи тридневна национална жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот