Османи за „Слободен печат“: Ахмети му посочи на Мицкоски дека на земјата и треба политичка стабилност

бујар османи
Бујар Османи, министер за надворешни работи/ Фото: Слободен печат

По вчерашните средби на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, високиот функционер на интегративците, Бујар Османи за „Слободен печат“ дава детали од средбата Ахмети-Мицкоски.

Според Османи, Ахмети на средбата со Мицкоски го повторил својот непоколеблив став дека на земјата и е потребна политичка стабилност.

– Разговараа за последните случувања. Претседателот Ахмети го повтори ставот дека на земјата и треба политичка стабилност и предвидливост сега кога се приближува декември како сериозен можност за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ. Сега сите мора да го cтавиме интересот на државата и граѓаните пред партиските и личните интереси, изјави Османи за „Слободен печат“.

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски и Ахмети разговараа за гласањето на доверба на владата на СДСМ и ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот