Османи за оставките по пожарот: Праведна е одлуката на премиерот да ја чека експертизата на странските експерти

Тетово, 9 септември 2021 / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Треба да заврши експертизата и потоа да се донесе одлука за депонираните морални оставките по катастрофата од 8 септември во тетовската модуларна болница, а не одлуката да се донесе поради политички притисоци, изјави денеска Бујар Османи, шеф на дипломатија и висок функционер на ДУИ.

– Треба да заврши експертизата што ја спроведуваат странските експерти, во четвртокот стигнаа и германски експерти. Мислам дека посмислена, поцелисходна ќе биде одлуката која се заснова на објективни факти, отколку таа што се заснова само на политиканство и на повици на опозицијата. И да се реализира една оставка, само поради политички притисок, поради повик на опозицијата, не ја постигнува целта. Мислам дека најсоодветно е да се има експертизата, да се има моралниот и етичкиот момент, политичкиот и партискиот момент и сите други аспекти, за да се донесе мериторна одлука. Мислам дека е праведна одлуката на премиерот кога вели дека сака во комплетирањето на ова прашање да има и објективна експертиза од страна на странски експерти – изјави Османи.

Министерот и заменик -министер за здравство, Венко Филипче и Илир Хасани, генералниот и економскиот директор на Општата болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, поради морална одговорност од трагичниот настан од 8 септември, поднесоа оставки од функциите. На 8 септември, 14 лица го загубија животот во Тетово како резултат на пожарот што ја зафати ковид модуларната болница во Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот