Османи: Време е за здружување на сите проевропски сили, во спротивно следува сериозна изолација

Сметаме дека е неопходно да се соберат во еден заеднички фронт сите проевропски сили во државата, за да се направат суштинските исчекори, оти ако се испушти овој момент може да влеземе во сериозна ситуација на изолација, рече портпаролот на ДУИ Бујар Османи, по завршување на денешното Централно претседателство на партија во Мала Речица, каде како што посочи се разговарало само за една точка – состојбата со таканаречениот фронт за Европа и наредните чекори.
„Сметајќи дека има неповторлив момент за брзо зачленување во ЕУ низ брза лента која се предвидува за регионот, имајќи го предвид решението за косовско – српскиот дијалог, сметаме дека е неопходно да се соберат во еден заеднички фронт сите проевропски сили во државата, за да се направат суштинските исчекори оти ако се испушти овој момент може да влеземе во сериозна ситуација на изолација. На Централното претседателство единствени бевме сите, дека овој фронт е важен и дека ова е единствената платформа за да се сконцетрира европската енергија во општеството, за да се обезбеди европска иднина на граѓаните. Секој кој ќе вети алтернатива за подобар живот на граѓаните тоа не може да се оствари и тоа е лажна надеж. Затоа тука е важен повикот до сите политички партии независно од етничката припадност, кои што веруваат во ЕУ е да го детектираат овој момент и да се приклучат на фронтот, рече Османи.
Османи ги коментираше и неодамнешните назначувања на координатори на ограноци на партијата од страна на претседателот на ДУИ Али Ахмети.
„Централното претседателство на ДУИ едногласно имаше распишано избори за сите ограноци. И кога има таков процес, претседателот назначува координатор на тој процес. Тука нема ништо спорно и во претходните изборни процеси имаше координатори, тоа е начинот на кој функционира ДУИ, вели Османи.

На новинарско прашање дали се разговарало за „Огнената група“ Османи кажа дека по однос на сите други теми и прашања претседателството за во понеделник веќе има закажано нова седница во партиското седиште на ДУИ.
Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните измени, вели Груби